• вторник, 13 јануари 2026

Дечињата од Охрид и Дебрца ги добија подароците обезбедени преку хуманитарната акција „Волшебна елка“

Дечињата од Охрид и Дебрца ги добија подароците обезбедени преку хуманитарната акција „Волшебна елка“

Охрид, 26 декември 2025 (МИА) – Со изведба на новогодишни песни на дечињата од „Распеано рибарче“ синоќа во „Охрид мол“ се одржа завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција „Волшебна елка“ што ја организира Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид.

Во акцијата се вклучија голем број хумани граѓани, институции, здруженија, поединци кои исполнија бројни новогодишни желби на децата од социјално загрозени семејства.

Тие ги обезбедија подароците што децата ги ставија во лампионите и на тој начин развеселија повече од 80 дечиња од Охрид и Дебрца кои живеат во социјален ризик. Децата со добиените подароци се сликаа со нивниот омилен лик Дедо Мраз.

Од Црвен Крст – Охрид изразуваат благодарност до партнерот во акцијата „Охрид Мол“, до сите основни училишта во Охрид и Дебрца за соработката, секако и благодарност за учеството и поддршката во организирање на оваа акција на сите поединци, институциите, здруженија. аб/дма/

Фото: Црвен Крст

Остани поврзан