• сабота, 23 ноември 2024

Дефанзивецот на Галатасарај Елабделауи хоспитализиран со повреди на очите при новогодишен огномет

Дефанзивецот на Галатасарај Елабделауи хоспитализиран со повреди на очите при новогодишен огномет
  Истанбул, 1 јануари 2021 (МИА) – Норвешкиот фудбалски репрезентативец од редовите на турскиот прволигаш Галатасарај, Омар Елабделауи, е пренесен на лекување во болница во Истанбул, поради повреда на очите и опекотини на лицето и горните екстремитети при огномет за време на синоќешнатата прослава на дочекот на Новата година. Турските медиуми, цитирајќи болнички извори, јавија попладнево оти лекарите се умерени оптимисти дека 29-годишниот фудбалер ќе ја напушти болницата без посериозно оштетување на видот. -Дијагностицираме проблеми во двете очи, при што едното око е повеќе оштетено од другото. Нашата болница поседува најсовремена опрема и веќе имаме искуство при лекување на вакви повреди. Ќе сториме сè што е во наша моќ. Во овој момент, (Елабделауи) има визуелна способност, но треба да почекаме да видиме што ќе биде понатаму“, објави весникот „Хуриет“, цитирајќи ја изјавата на доктор Ведат Каја, од специјализираната болница за очни болести во Истанбул. Десниот бек на норвешката репрезентација дојде во Галатасарај минатото лето од редовите на Олимпијакос и досега за турскиот прволигаш одигра 13 натпревари. ег/

Остани поврзан