Детска недела во Центар - Децата се нашата иднина
- Во ООУ „Киро Глигоров“ денеска свечено ќе се одбележи и претстојниот Ден на учителот, со доделување сертификати за обуки кои ги посетуваа наставниците на тема Булинг.
Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар ја одбележува Детската недела со пригодни настани кои траат во текот на целата семица.
Во ООУ „Киро Глигоров“ денеска свечено ќе се одбележи и претстојниот Ден на учителот, со доделување сертификати за обуки кои ги посетуваа наставниците на тема Булинг.
Утре во Паркот на франкофонијата градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски свечено ќе ги пречека првачињата, а потоа е организирана мала програма, изведба на училишни хорови, по што ќе биде одржана и театарска претстава.
В четврток свечено ќе се отвори просторијата за талентирани ученици во ООУ „Димитар Миладинов”, место каде учениците ќе може да ги развиваат своите вештини.
Во петок, Детската недела ќе заврши традиционално со Игри без граници во Паркот на франкофонијата, каде учество ќе земат сите ученици од основните училишта во Центар.
-Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Тие се еден од врвните приоритети во нашата работа, порачуваат од Општина Центар. дма/са/
Фото:МИА архива