• сабота, 23 ноември 2024

Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди. 

 - Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места - работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.

- Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан