Десетици илјади Израелци протестираа барајќи избори и враќање на заложниците
- Десетици илјади Израелци учествуваа на протестите против Владата, барајќи нови избори и враќање на заложниците во Појасот Газа.
Teл Авив, 23 јуни 2024 (МИА) - Десетици илјади Израелци учествуваа синоќа на протестите против Владата, барајќи нови избори и враќање на заложниците во Појасот Газа.
Протестите се одржуваат со месеци, а се насочени против владата и поради начинот на кој ја води војната против Хамас, која започна на 7 октомври, кога палестинските екстремисти на чело со Хамас го нападнаа југот на Израел, убија 1.200 луѓе и киднапираа 251 заложник во Газа, потсетуваат денеска израелските медиуми.
Во текот на повеќе од осум месеци војна, според податоците на тамошното Министерство за здравство, во израелската офанзива во Газа загинале повеќе од 37.400 луѓе.
По завршувањето на протестите, дел од демонстрантите ги блокираа патиштата палејќи автомобилски гуми, а полицајци на коњи ги растераа и уапсија три лица.
Во Ерусалим, пак, илјадници луѓе протестираа пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, а организаторите изјавија дека тоа е најголемиот протест од почетокот на војната, но не е прецизирано колку демонстранти имало. рп/
Фото: МИА архива