• петок, 22 ноември 2024

Денот на Републиката - Илинден го честитаа градоначалниците Куртовски и Дука и првиот човек на СМИР, Пајкоски

Денот на Републиката - Илинден го честитаа градоначалниците Куртовски и Дука и првиот човек на СМИР, Пајкоски

Дебар, 2 август 2024 (МИА) - По повод Денот на Републиката -Илинден честитки упатија градоначалниците на Маврово и Ростуше и на Дебар, Медат Куртовски и Хекуран Дука и претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР, Латиф Пајкоски.

-Во мое име и во име на општина Маврово и Ростуше честитки по повод  големиот празник Илинден. Овој ден е симбол на борбата за слобода и независност. Да продолжиме заедно да градиме едно општество за сите во кое ќе владее слобода, правда и благосостојба, стои во честитката на Куртоски.

Во свое и во име на Советот и администрацијата на општина Дебар  големиот празник Илинден го честиташе  градоначалникот Хекуран Дука, посакувајќи благосостојба, заедништво, просперитет.

-Сојузот на Македонците со исламска религија на сите граѓани на Македонија и на сите Македонци, каде и да се,  им го честита големиот празник, 2 Август - Илинден, денот, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност и им посакуваме уште многу, многу години среќни и весели да слават, стои во честитката на претседателот Пајкоски. вт/вј/

Фото: Куртовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан