Денови на Холандија во „Ист гејт мол“ до 30 април
- По повод одбележувањето на триесетгодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Холандија и Северна Македонија, во „Ист гејт мол“ се отворени Денови на Холандија - фестивал на холандската култура, дизајн и храна кој во трговскиот центар ќе се одржува до 30 април.
Скопје, 20 април 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на триесетгодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Холандија и Северна Македонија, во „Ист гејт мол“ се отворени Денови на Холандија - фестивал на холандската култура, дизајн и храна кој во трговскиот центар ќе се одржува до 30 април.
Фестивалот го отворија холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и генералниот менаџер на „Ист гејт мол“, Игор Давков.
-Фестивалот почна со симболично отворање на градината пред трговскиот центар каде беа засадени 400 садници кои се донација од холандската компанија Еуропеан плантс, а беше поставена и скулптура - велосипед изработена од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и Факултетот за шумарство Ханс Ем, кој беше вклучен и во севкупниот дизајн на градината, соопшти Амбасадата на Холандија.
За време на викендот, на 22 и 23 април, посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да ја откријат Холандија со сите свои сетила: традиционален пазар со холандска храна и пијалаци, саем на цвеќе и велосипеди и изложба, како и специјална виртуелна прошетка.
-Се надевам дека пријателството меѓу нашите две држави ќе расте како и градината што ја засадивме заедно, истакна амбасадорот Коп во своето обраќање. хс/
Фото: Амбасада на Холандија во Скопје