• вторник, 19 ноември 2024

Денион Мејдани назначен за амбасадор во Северна Македонија

Денион Мејдани назначен за амбасадор во Северна Македонија

Тирана, 21 февруари 2024 (МИА) - Шефот на албанската држава Бајрам Бегај, со указ го назначи Денион Мејдани за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Северна Македонија. Указот Бегај го потпишал денеска, а стапува во сила веднаш.

Деновиве тој ја доби поддршката од парламентарната Комисија за надворешна политика, откако ја презентираше неговата платформа оценувајќи дека „односите и соработката меѓу нашите две земји се пример во регионот“ и ветил дека ќе се заложи за унапредување на овие односите и соработката.

-Северна Македонија не е само добар сосед, туку е партнер, сојузник и поддржувач на заедничкото патување во регионалните и евроинтегративните процес. Потпишаните договори меѓу двете влади не само што дополнително ги институционализираа нашите односи, туку влијаеја и ќе продолжат значително да влијаат на подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани, изјавил меѓу другото новиот албански амбасадор.

Мејдани, кој е син на поранешниот албански претседател и познат универзитетски професор, Реџеп Мејдани, доаѓа на местото на амбасадорот Фатос Река.

Претходно извршувал функции во албанската администрација, меѓу кои: генерален директор во Министерството за економија, директор за внатрешна контрола во Министерството за правда, директор за мониторинг, контрола и инспекција во Управата за електронска и поштенска контрола, директор на координативен центар против насилен екстремизам. вт/дма/

 

Фото: Бегај ФБ/Мејдани ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан