• понеделник, 08 јули 2024

Дендиас ја информирал Сакеларопулу за актуелните теми во грчката надворешна политика

Дендиас ја информирал Сакеларопулу за актуелните теми во грчката надворешна политика
Атина, 1 ноември 2021 (МИА) – За актуелните теми во надворешната политика и неодамнешните билатерални договори што ги потпиша Грција, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас ја информирал претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина. -Денеска во Претседателската палата бев примен од претседателката на државата, Катерина Сакеларопулу, која ја информирав за актуелните теми во надворешната политика, напиша Дендиас на Твитер. Од кабинетот на Сакеларопулу соопштија дека министерот за надворешни работи на Грција ја информирал „за неодамнешните билатерални договори потпишани од земјата и за меѓународните случувања“. ср/сд/ Фото: Кабинет на грчката претседателка

Остани поврзан