• сабота, 23 ноември 2024

Демократското движење: Северна Македонија е последна во регионот по сите економски показатели

Демократското движење: Северна Македонија е последна во регионот по сите економски показатели

Скопје, 22 октомври 2023

Демократското движење е доста загрижена заради фактот каде ја носат државата оваа власт. Сите економски показатели, алудираат дека Владата на најлош можен начин управуваат со државата. Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард и таков низок, веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици.

Според последниот извештај на Народна Банка за Глобални Економски Перспективи, нормата на инфлација која Северна Македонија ја има моментално, се поставува на чело на табелата во споредба со земјите од регионот со 8.4%. (табела1)

(Поими од табелата)
Инфлација Јули 2023
Србија
Северна Македонија 
Црна Гора
Хрватска 
Босна и Херцеговина 
Албанија 
Косово

Исто така, оваа Влада, каде управуваат кадар од ДУИ со скоро сите економски ресори, не успеваат со економскиот раст на државата, која е последна во нашиот регион со 1.8%. ( табела2)
% Економски раст 2023
Црна Гора
Албанија
Косово
Хрватска
Босна и Херцеговина 
Србија
Северна Македонија 

Неспособноста на оваа власт не завршува тука. Според Светска Банка и јавниот долг расте, кој моментално изнесува 59.1% а до крај на година ќе порасне на 60.2% од Бруто домашниот производ (GDP).
Демократското Движење покренува загриженост кон досегашните владини политиките и бара од Владата да создаде зацврстена монетарна политика и домаќинско фискално управување.

Демократското движење

фото: МИА архива

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан