• среда, 26 јуни 2024

Дел од населбата Водно и селата Батинци и Љубош без вода

Дел од населбата Водно и селата Батинци и Љубош без вода
Скјопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Прекин во водоснабдување денеска од 8 часот ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 милиметри во непосредна близина на пумпната станица во Драчево. Исто така, утре од 9 часот прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Периша Савелиќ“ и „Тодор Александров“, Општина Центар. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. фф/сп/

Остани поврзан