• понеделник, 23 декември 2024

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром утре без струја

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром утре без струја

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Корисниците од улиците „100“, „101“, „102“ и „103“ во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров утре од 9:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода, а од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/мч/

Фото: МИА архива

Остани поврзан