• недела, 22 декември 2024

Делови од Тетово викендов без вода

Делови од Тетово викендов без вода

Тетово, 9 јануари 2022 (МИА) - Дел од жителите на Тетово двата дена од викендот ги поминаа без вода за пиење, иако се воведени рестрикции во ноќните часови со цел да количините во текот на денот порамномерно да бидат распоредени. Иако вчера беа најавени рестрикциите, вода во дел од градот според жителите нема неколку дена. Преку социјалните мрежи жителите на Тетово ги опишуваат најекстремните случаи, како во станбениот блок 70, каде според нивните тврдења 22 часа на ден неколку дена наназад се без вода за пиење.

-Господине градоначалник, убава идеја Ви беше кога одевте до вратата на Вашите гласачи за да ги слушнете нивните проблеми. Вие лично, пред мене и моето дете го баравте мојот глас споменувајќи ја прво водата. Трагично Ви беше дека сте гледале како Вашите сограѓани полнат шишиња низ градот и носат дома... Ќе сте го сменеле тоа! Три месеци сте татко на градот. Нас уште ни е трагично ова со шишињава. И знаете колку часа реално трае Вашата најавена петчасовна рестрикција-22 часа ! Четврти ден по ред. Дали е фер да им го скратуваме сонот на нашите деца за да ги избањаме во 5 наутро? Да ги бањаме спиејќи! Вашето работење во меѓувреме е постојана кампања за следните избори. Решете ја макава на својот народ што поскоро. Лесно е да не воодушевите после толку лошо раководство изминатите години, пишува револтирана жителка на Блок 70 во Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами се огласи преку социјалните мрежи и потенцира дека со најновото соопштение, не сака да биде изземен од обврските и одговорностите што ги презеле на изборите, а објавата да послужи како информација за реалната состојба во која се наоѓа Тетово.

остојано се соочуваме со последователни дефекти, исто така изразувајќи благодарност и до вработените во Општинското јавно претпријатие кои постојано се во највисоките места во Шар Планина, и даваат се од себе, со малкуте услови што ги имаат. Во текот на овие денови, санирајќи еден многу тежок проблем, денеска се соочуваме со уште еден друг дефект, на една од точките на водоводната мрежа. Во околностите во кои постојано се наоѓаме, ве молам за разбирање и трпение и во овие 2 месеци да се трудиме и заедно да ги надминеме овие проблеми. И покрај тоа што сакам да ве уверам дека во текот на пролетната сезона и ублажувањето на климатските услови ќе започнеме и со целосно санирање на водоводната мрежа и овој проблем еднаш засекогаш ќе се реши, напиша Билал Касами.

Вчера беа воведени рестрикции од полноќ до пет часот, со оглед дека во водоводната мрежа има само 160 литри вода во секунда.ас/

Остани поврзан