• среда, 17 јули 2024

Делови од неколку скопски општини и села утре без струја

Делови од неколку скопски општини и села утре без струја
Скопје, 20 април 2022 (МИА) – Дел од корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Марко Крале“ и „Дабница“ во Општина Бутел утре од 8:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно Соње, од 8:30 до 11:30 часот дел од село Булачани, од 9:00 до 13:00 часот дел од улицата „Ганчо Хаџипанзов“ во Општина Центар, од 9:00 до 14:00 часот делод корисниците од улицата „Гаврил Радомир“ во Општина Аеродром, од 9:00 до 14:00 часот од улицата „Џумајска“ во Општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 15:00 часот од улицата „Румена Хаџипанзова“ во Општина Кисела Вода, а од 9:00 до 15:00 часот од улицата „Призренска“ крак 2 и крак 8 во населбата Кучевишка Бара. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/

Остани поврзан