• среда, 03 јули 2024

Дела од Златко Крстевски во Крањ и во Лозана

Дела од Златко Крстевски во Крањ и во Лозана

Прилеп, 30 август 2023 (МИА) - Прилепскиот уметник Златко Крстевски, заедно со македонските уметници Ирена Паскали, Ирена Јелас, Славица Таневска и Боге Димовски со свои дела учествуваа на 11. Меѓународна сликарска колонија во Крањ, Словенија, што се одржа од 24 до 27 август.

Крстевски на Колонијата изработи две дела, масло на платно, инспирирани од прекрасното, бајковито езеро Блед.

Делата се во галериски формат и ќе бидат дел и од завршната изложба по повод 30 години од МКЦ „Кирил и Методиј“.

Крстевски со свое оригинално дело од деветтта уметност - стрипот е селектиран, а делото ќе биде изложено во рамки на годинашниов тематски конкурс „Еурека“, кој е во рамките на Стрип-фестивалот БД-ФИЛ- Карен Д Аш во Лозана, Швајцарија од 2 до 24 септември во галеријата „Espace des inventions“. Изложбата ќе биде дел од Ноќта на музеите во Лозана и Пули, Швајцарија. ем/мд/

фото: Крстевски

Остани поврзан