• понеделник, 23 декември 2024

Дезинформациите се шират на интернет шест пати побрзо од вистината, објави еврокомесарката Марија Габриел

Дезинформациите се шират на интернет шест пати побрзо од вистината, објави еврокомесарката Марија Габриел
Брисел, 11 октомври 2022 (МИА) -   Дезинформациите се шират на интернет шестпати побрзо од вистината, изјави денеска европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади Марија Габриел кога ги промовираше упатствата за наставниците за дигитална писменост. Таа се повика на студија според која 80 отсто од граѓаните на ЕУ ги гледаат лажните вести како предизвик за нивната земја и за демократијата. Според неа, податоците покажуваат дека половина од Европејците на возраст од 15 години не знаат како да разликуваат дезинформации. Еврокомесарката посочи дека дезинформациите доведуваат до поделеност во општеството и носат порази. -Од рана возраст, младите треба да бидат способни критички да го оценат она што го гледаат на интернет. Потребата од наставници со релевантни способности е јасна, рече Габриел. -Се наоѓаме во време кога избувна војна на континентот, проследена со најголемата миграциска криза во модерната историја, енергетска криза, пандемијата се уште не е стивната. Ова доведе до бројни лажни тврдења на интернет, намерно создадени за да ги поткопаат нашите демократски основи и да ги доведат во прашање европските вредности. зш/

Остани поврзан