• петок, 08 ноември 2024

Деби-албумот „Ехо“ на Зарина Првасевда во издание на „Југотон Кроација рекордс“

Деби-албумот „Ехо“ на Зарина Првасевда во издание на „Југотон Кроација рекордс“
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Југотон Кроација рекордс“ го издаде Ехо“ – деби-албум на македонската уметница Зарина Првасевда. Станува збор за студиски албум, кој има 11 традиционални песни од различни делови, изведени на четири различни јазици.

Зарина Првасевда е македонски уметник, вокален изведувач и музичар што изведува и македонска и светска традиционална музика. По повод издавањето на овој албум, таа неодамна одржа концерт во Македонската филхармонија.

Таа за себе вели дека ја црпи својата инспирација од природата, од секојдневниот живот на античките луѓе низ историјата, во споредба со она што го живееме денес, од моменталната културна и емоционална еволуција, како и од карактеристичните карактеристики на културите на луѓето за кои е заинтересирана и постојано истражува.

Албумот е создаден во соработка со Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски, Александар Петров, Оливер Јосифовски, Дарко Фурнаџиски, Гоце Димовски, Филип Михајловски, Оливие Самоилан, Ратко Даутовски, Благојче Трајковски, Газменд Бериша. бт/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан