Дебата „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: РС Македонија и патот кон ЕУ”
- Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, ќе организира панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Реп
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, ќе организира панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија“.
Модератор на настанот е Александра Димовска, извршна директорка на Еуропроспера, а како панелисти се најавени Артан Груби - прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Дерала - претседател на Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и Џелал Хоџиќ - заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).са/цр