• понеделник, 23 декември 2024

Дебармаалски средби и серенади во чест на Свети Трифун

Дебармаалски средби и серенади во чест на Свети Трифун
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) - По повод  верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите и Свети Валентин - Меѓународниот ден на вљубените, денеска се одржаа Дебармаалските средби и серенади. Оваа манифестација со 20-годишна традиција е во организација на уметникот Живко Поповски - Цветин. Со пет балони беше пуштена порака за мир и љубов и за решавање на проблемите без закани, туку со разбирање и мирољубиво. Традиционално имаше погача од фурната „Силбо“, торта од слаткарницата „Апче“, а беше засадена лозница крај кафеаната „Кај Жабарот“ во Дебар Маало. Во поетската програма поезија читаа Лидија Јеремиќ-Лучко, Мендо Димовски, Ѓорѓи Ѓоргиевски, Илко Димитриевски, Љубиша Николиќ, Жаклина Димовска и Тања Стоилковска. Писателот и поет Мендо Димовски искажа здравица и порача сите во светот да живеат среќно, безгрижно, да бидат здрави и да шират љубов, мир и слобода. На овие средби учествуваа и уметниците Љупчо Ангелов - гитара, Верица Ристевска, Вики Среброва, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Серафина Фантаузо. мд/мч/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан