Деандре Ајтон во ЛА Лејкерс
- Американскиот кошаркар Деандре Ајтон ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс јави телевизијата ЕСПН.
Лос Анџелес, 3 јули 2025 (МИА) – Американскиот кошаркар Деандре Ајтон ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс јави телевизијата ЕСПН.
Според истиот извор, Ајтон (213 см), кој по потекло е од Бахамите, ќе потпише двегодишен договор и ќе заработува 34 милиони долари по сезона.
Ајтон, кој беше прв избор на НБА драфтот во 2018 година, ги помина своите први пет НБА сезони во дресот на Феникс, а во ЛА Лејкерс доаѓа од Портланд.
Минатата сезона, Ајтон одигра само 40 натпревари за Портланд, а поради повреда во февруари беше надвор од терените до крајот на сезоната. ег
ФОТО: ЕПА