• понеделник, 23 декември 2024

Две средни училишта од Велес и Струмица се трансформираат во Регионални центри за стручно образование и обука

Две средни училишта од Велес и Струмица се трансформираат во Регионални центри за стручно образование и обука

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија на денешната 198-та седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука.

Со тоа, како што информираат попладнево од владината прес-служба, бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет. фф/дма/

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан