• недела, 22 декември 2024

Две поетски збирки на Славе Ѓорѓо Димоски објавени на словенечки јазик

Две поетски збирки на Славе Ѓорѓо Димоски објавени на словенечки јазик
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Во издание на Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ („Hiša poezije“) од словенечкиот главен град Љубљана деновиве од печат излегоа две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ. Станува збор за двете последни книги на Димоски „Извештаи на Рисот“, 2016 и „Јазик и леб“, 2019 година, во кои се претставува една поинаква поетика во однос на неговите претходните книги - се провлекува линија на ангажирана поезија како одраз на актуелните состојби на модерниот свет во кој се живее во сенката на стравот и зканата, во несигурноста и исчезнувањето. - Метафората за исчезнувањето е Рисот, тоа животиче на високите гори чиј вид едвај се одржува и асоцира на исчезнувањето на Македонија, а во книгата „Јазик и леб“ како предмет на поетска обработка се јазикот и лебот како најсуштинско нешто да се опстане, да не се исчезне, да не се занеме. Оваа книга песни се опира на исчезнувањето на јазикот на кој тие се напишани. Сѐ дури се твори на еден јазик, дотогаш е жив, напиша Мите Стефоски. Оваа е дваесетта книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавени надвор од земјава, а одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над 30 јазици. дма/сп/

Остани поврзан