• недела, 22 декември 2024

Две лица загинаа во руски напад со дрон врз станбена зграда во Одеса

Две лица загинаа во руски напад со дрон врз станбена зграда во Одеса

Одеса, 2 март 2024 (МИА)  - Две лица загинаа, осум се ранети, додека уште неколку се водат за исчезнати по руски напад со дрон врз станбен блок во Одеса, соопштија денеска украински официјални претставници, пренесе Бета.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на каналот Телеграм наведе дека „ Русија продолжува да се бори против цивилите. Еден од непријателските дронови погоди станбена зграда во Одеса. Уништени се 18 станови“.

Претседателот Зеленски ги повика партнерите да испратат во Украина повеќе оружје и технички средства за нејзината портиввоздушна одбрана. 

„Неопходно е зајакнувањето на украинскиот воздушен штит за на нашиот народ да му се даде заштита од теророт. Повеќе ПВО системи, повеќе ракети за ПВО, тоа е тоа што спасува животи“, напиша Зеленски и упати сочуство до семесјтвата на настраданите, меѓу кои, како што наведе, е и едно дете.

Тој додаде дека со дронови ноќеска биле нападнати и Харков и регионот Сума. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан