• петок, 22 ноември 2024

Две лица загинаа во воздушен напад на Киев

Две лица загинаа во воздушен напад на Киев

Киев, 11 август 2024 (МИА) -  Две лица, маж и дете, загинаа во текот на претходната ноќ во воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските спасувачки служби.

Три лица, пак, се тешко повредени откако урнатини паднале врз станбена зграда во источното предградие на Киев, соопшти спасувачката служба.

Голем дел од земјата во текот на ноќта беше под воздушна тревога, особено Киев, каде доцна синоќа се слушнаа првите експлозии.

Претходните денови се стравуваше од можен руски воздушен напад врз Киев како одговор на упадот, кој се уште трае, во руската област Курск, северно од главниот град на Украина.

Украинските власти, за да се заштитат, бараат од западните сојузници да им обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Од руска страна, гувернерот Алексеј Смирнов посочи дека 13 лица се повредени во текот на ноќта во Курск, меѓу кои две потешко, кога врз зграда паднале остатоци од украински проектил соборен во текот на ноќта.

Властите во руската област Белгород, северно од Харков, исто така известија за напад од украинско беспилотно летало, без извештаи за жртви. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан