Две изведби на оперетата „Лилјакот“ во Националната опера и балет
- -„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост, соопшти Националната опера и балет.
Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Националната опера и балет организира две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II кои ќе се одржат на 23 и 26 декември со почеток во 19.30 часот.
НОБ во најавата посочува дека „Лилјакот“ е „вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја одушевува публиката низ светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија“.

-„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост, соопшти Националната опера и балет.
Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, концерт мајстор Климент Тодороски, светло-дизајн Милчо Александров.

Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски (23 декември) / Благој Нацоски (26 декември), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Христијан Антовски, Марјан Николовски, Александра Лазаровска Василевски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на НОБ. хс/са/
Фото: Национална опера и балет