• вторник, 05 ноември 2024

Два авиона се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу

Два авиона се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу

Лондон, 6 април 2024 (МИА) - На лондонскиот аеродром Хитроу се случи инцидент кога два авиони се судрија на пистата, објавија денеска британските медиуми.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.

„Вирџин“ започна истрага за причините за падот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

-Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу.

Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“. 

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, а нема повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан