• вторник, 05 ноември 2024

Двајца навивачи се повредени при нередите на натпреварот Бразил – Аргентина

Двајца навивачи се повредени при нередите на натпреварот Бразил – Аргентина

Рио де Жанеиро, 22 ноември 2023 (МИА) - Двајца навивачи се повредени при судир со полицијата за време на натпреварот Бразил - Аргентина, пренесува „Infobae“.

Нередите се случија на стадионот „Маракана“ за време на јужноамериканскиот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година.

Службениците на редот мораа со сила да ги смират насилните навивачи. Беа користени палки. Повредените од полицијата на носилки биле однесени од стадионот. Најмалку еден гледач се здоби со повреда на главата.

Капитенот на светскиот шампион од 2022 година, Лионел Меси, го предводеше тимот до соблекувалната по нередите на трибините.

Средбата на „Маракана“ започна 27 минути подоцна од предвиденото и заврши со победа на Аргентина со 1:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан