• сабота, 23 ноември 2024

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата
Скопје, 18 септември 2021 (МИА) - На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. - Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба. Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години, соопшти МВР. Од Министерството наведуваат дека двајцата Кубанци ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка.фф/лв/

Остани поврзан