• среда, 01 април 2026

Двајца индонезиски мировници на ОН загинаа при експлозија во Јужен Либан

Двајца индонезиски мировници на ОН загинаа при експлозија во Јужен Либан

Бејрут, 30 март 2026 (МИА) - Двајца мировници на Обединетите нации загинаа денеска во Јужен Либан при експлозија од „неразјаснето потекло“ која го уништи нивното возило, соопшти мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ).

Инцидентот се случил во близина на општината Бани Хајан, при што уште двајца припадници на мисијата се повредени, од кои едниот потешко. Шефот на мировните операции на ОН, Жан-Пиер Лакроа, потврди дека загинатите мировници се државјани на Индонезија.

Ова е втор смртоносен напад врз силите на УНИФИЛ во изминатите 24 часа, по вчерашната експлозија на граната врз една од позициите на мисијата.

Поради сериозноста на ситуацијата и зачестените напади врз мировните сили, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, побара итно свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. ссм/

фото: архва

Остани поврзан