• недела, 22 декември 2024

Дваесет и едно товарно возило упатени на вонреден технички преглед на територија на СВР Штип

Дваесет и едно товарно возило упатени на вонреден технички преглед на територија на СВР Штип
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - На подрачјето на СВР Штип, денеска во времето од 07:00 до 11:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат товарни возила. За време на контролата 21 возило биле упатени во станица за вонреден технички преглед.-Притоа биле констатирани четири прекршоци во однос на возила, од кои три за техничка неисправност и едно за неносење сообраќајна дозвола. Преземени се четири мерки за констатирани прекршоци кај возачи, од кои три за бесправно управување и една на возач почетник, соопшти МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/лв/

Остани поврзан