• петок, 05 декември 2025

Дајер потпиша со Монако

Дајер потпиша со Монако

Минхен, 29 април 2025 (МИА) - Ерик Дајер не се прилагоди откако ја напушти Англија за Баерн Минхен и ќе го промени тимот на лето.

Англискиот дефанзивец потпиша договор со Монако и ќе се приклучи на тимот од Кнежевството на слободен трансфер во текот на летото.

Дајер одигра само 18 натпревари во Бундеслигата оваа сезона и не ги задоволи апетитите на тренерот Винсент Компани. Тој често беше мета и на навивачите на Баерн кои беа незадоволни од неговата игра, а сега и официјално неговиот претстој во Баварија е завршен.

Дефанзивецот веќе ги потпишал сите документи со Монако и само чека официјална потврда од клубот што се натпреварува во француската лига. Англичанецот потпишал двегодишен договор со Монако со можност за продолжување на уште една година.

Дајер помина десет години како играч на Тотенхем, а во Баерн е од почетокот на 2024 година. Прво беше на позајмица, а потоа по истекот на позајмицата, му истече и договорот со Тотенхем, па се пресели на „Алијанц Арена“ бесплатно. дс

Фото: Архива

Остани поврзан