• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Данска со убедлив триумф над Бразил избори учество во полуфиналето на ракометниот Мундијал

Данска со убедлив триумф над Бразил избори учество во полуфиналето на ракометниот Мундијал

Осло, 29 јануари 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Данска е третиот полуфиналист на 29. Светско првенство во ракомет.

Данците вечерва во Осло на убедлив начин ја совладаа селекцијата на Бразил со 33:21 во претпоследното четвртфинале.

Со оваа победа, Данска ја продолжи серијата од 35 мундијалски натпревари без пораз.

Противник на Данска во полуфиналето ќе биде поуспешниот од натпреварот Португалија – Германија (вечер 20:30 часот).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Франција и Хрватска.

Последните три титули на Светските првенства (2019, 2021 и 2023 година) ги освои данската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан