Дамаск: Без разоружување, нема место за милитантите во националниот дијалог
- Сите вооружени групи во Сирија кои одбиваат да се разоружаат и да се потчинат на Министерството за одбрана нема да можат да учествуваат во претстојниот национален дијалог за иднината на земјата, изјави денеска претставник на новоформираната владина комисија.

Дамаск, 13 февруари 2025 (МИА) - Сите вооружени групи во Сирија кои одбиваат да се разоружаат и да се потчинат на Министерството за одбрана нема да можат да учествуваат во претстојниот национален дијалог за иднината на земјата, изјави денеска претставник на новоформираната владина комисија.
Комисијата, составена од седум члена, денеска ја почна работата на подготовката на националната конференција, чија цел, според сирискиот претседател Ахмед ал Шара, е да се изработи документ што ќе биде основа за идната уставна декларација.
Оваа одлука веројатно ќе доведе до исклучување на Сириските демократски сили (СДС), предводени од Курдите, од националниот дијалог. СДС контролира значителни делови од североисточна Сирија и се поддржани од САД, но новата сириска администрација бара нивно разоружување како услов за учество во политичкиот процес.
Новата влада во Дамаск инсистира СДС да стане дел од вооружените сили на Сирија, но го одбива нивниот предлог за формирање заедничка воена структура со армијата. ссм/
фото: архива