• среда, 10 јули 2024

Давеник во Струга, повозрасна жена од Ресен најдена во Охридското Езеро

Давеник во Струга, повозрасна жена од Ресен најдена во Охридското Езеро

Струга, 26 јули 2023 (МИА) - Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера бил најден давеник.

СВР Охрид соопшти дека по направениот увид било утврдено дека се работи за 67-годишна жена од Ресен.

- Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Доктор од Здравствениот дом и Итната медицинска помош од Струга, констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција. сс/дма/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан