• сабота, 23 ноември 2024

Г-7 ќе разговара за продолжување на евакуацијата од Авганистан

Г-7 ќе разговара за продолжување на евакуацијата од Авганистан
Вашингтон, 24 август 2021 (МИА) - Лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот (Г-7) на денешниот вертуелен состанок ќе разговараат за потенцијално продолжување на рокот за евакуација на повеќе илјади луѓе од Авганистанација, што истекува на 31 август, како и за тоа дали да ја признаат талибанската влада или да воведат санкции. Лидерите на САД, Велика Британија, Италија, Франција, Германија, Канада и Јапонија би можеле да донесат одлука за заедничко официјално признавање или обновување на санкции со цел да ги натераат талибанците да ги исполнат ветувањата за почитување на правата на жените и на меѓународните односи. За продолжување на рокот за евакуација ќе мора да се добие одобрување од талибанците. Претставник на талибанците вчера изјави дека странските сили не барале продолжување на рокот, но оти и ако побарале нема да им биде одобрено. Официјален Вашингтон соопшти дека продолжуваат преговорите. ми/

Остани поврзан