Гурмански викенд во Кавадарци
- Винскиот музеј Кавадарци прв пат организира Гурмански викенд. На настанот се дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје.
Кавадарци, 19 ноември 2022 (МИА) - Винскиот музеј Кавадарци прв пат организира Гурмански викенд. На настанот се дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје.
- По повод месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производството на вино, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци, организира настан - Гурмански викенд, "Виното - нераскинлив дел од традицијата". Посетителите можат да уживаат во младите вина од повеќе винарии во Тиквешијата, како и да вкусат традиционално зготвена храна. Настанот се одржува во прекрасниот амбиент во дворот на Вински музеј, а е збогатен и со музички перформанс, соопштија од Музејот.
Покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци. свд/мч/