• вторник, 05 ноември 2024

Гувернерот на Мериленд бара од Конгресот да одобри средства за обнова на мостот во Балтимор

Гувернерот на Мериленд бара од Конгресот да одобри средства за обнова на мостот во Балтимор

Анаполис, 1 април 2024 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, Вес Мур денеска ги повика републиканците да соработуваат со демократите во Конгресот за да ги одобрат федералните средства потребни за обнова на мостот во Балтимор и за подобрување на пристанишната економија.

Тој изјави дека републиканците треба да бидат подготвени да одобрат финансирање, не само за градот Балтимор, туку и за националната економија на САД.

„Треба да се погрижиме да се движиме навистина брзо за да ја поттикнеме американската економија повторно, бидејќи пристаништето Балтимор е клучно за нашиот поголем економски раст“, ​​рече Мур. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан