• четврток, 26 декември 2024

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп

Вашингтон, 14 ноември 2024 (МИА) - Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи.

Со нивната група „Гувернери во одбрана на демократијата“, демократите Ј.Б. Прицкер од Илиноис и Џаред Полис од Колорадо им се придружуваат на јавните обвинители и другите демократски гувернери кои исто така ветија дека ќе се спротивстават на конзервативните политики на Трамп насекаде - од имиграцијата до укинувањето на мерките за заштита на животната средина.

-Ја основавме (групата) затоа што знаеме дека едноставната надеж сама по себе нема да ја спаси нашата демократија, рече Полис за време на конференциска врска со која го објави создавањето на групата. „Треба да работиме заедно, особено на државно ниво, за да го заштитиме и зајакнеме“, додаде тој.

Полис и Прицкер не дадоа детали за активностите што ги разгледуваат, а транзицискиот тим на Трамп сè уште не го коментирал создавањето на групата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан