• понеделник, 23 декември 2024

Грчката национална компанија за електрична енергија склучи договор за купување на обновлива енергија со капацитет од над 600 мегавати во Романија

Грчката национална компанија за електрична енергија склучи договор за купување на обновлива енергија со капацитет од над 600 мегавати во Романија

Атина, 21 ноември 2024 (МИА) - Грчката национална компанија за електрична енергија (ДЕИ) објави дека ја завршила аквизицијата на портфолио од обновливи извори на енергија со вкупна моќност од 629 мегавати во Романија, јави телевизијата „Скај“.

Првичниот договор помеѓу ДЕИ и „Еврио Груп“ беше склучен во август.

Во аквизицијата се вклучени ветерни паркови со капацитет од 600 мегавати, мали хидроелектрани од 22 мегавати, пловечка фотоволтаична централа од 1 мегават, системи за складирање енергија од 6 мегавати и проекти во развој од 145 мегавати.

Со ова, ДЕИ ја удвои својата инсталирана моќност во Романија. Вредноста на договорот е проценета на околу 700 милиони евра, а компанијата очекува годишна оперативна добивка од околу 100 милиони евра.

ДЕИ котира на берзата од 2001 година, а од 2021 година грчката држава поседува малку над една третина од акциите. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан