• четврток, 18 јули 2024

Грчката Влада засега не размислува за укинување на сертификатите за влез во угостителските објекти

Грчката Влада засега не размислува за укинување на сертификатите за влез во угостителските објекти

Атина, 18 март 2022 (МИА) - Досега не е отворено прашањето за укинување на сертификатот за вацинација за влез во угостителските објекти, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешнот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека Владата секогаш сериозно ги зема предвид препораките на Комисијата на епидемиолози, истакна дека досега не е отворено такво прашање и посочи дека вниманието мора да остане насочено кон пандемијата, бидејќи „невакцинираните и понатаму се во опасност“.

-Во овој момент нема нешто такво на маса, доколку се постави и кога ќе се постави, Владата ќе излезе со став, рече Иконому одговарајќи на новинарско прашање за натписите во медиумите за евентуално укинување на задолжителниот сертификатот за влез во угостителските објекти.

За ситуацијата со Ковид-19 во земјата, портпаролот на грчката Влада истакна дека пандемијта не е завршена и треба да продолжат напорите за зголемување на имунизациската покриеност. ср/

Остани поврзан