• среда, 15 јануари 2025

Група за човекови права: Израелски авиони фрлиле три бомби од американско производство во Кан Јунис, затрупувајќи 20 шатори

Група за човекови права: Израелски авиони фрлиле три бомби од американско производство во Кан Јунис, затрупувајќи 20 шатори

Женева, 10 септември 2024 (МИА) - Израелската армија користела огромни бомби кои ги испорачале САД и со кои ја погоди „хуманитарната безбедносна зона“ во јужниот дел на Појасот Газа, затрупувајќи 20 шатори и луѓето во нив, соопшти група за човекови права со седиште во Женева, пренесува Анадолија.

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени во израелските воздушни напади рано утрината во кампот со шатори во Кан Јунис, област Ал-Маваси, која Израел претходно ја означи како „хуманитарна зона“ за раселени цивили во Газа.

Цивилната заштита на Газа соопшти дека израелските ракети создале кратери длабоки до девет метри во тоа подрачје.

Евро-медитеранскиот монитор за човекови права објави дека израелските воени авиони фрлиле три бомби MK-84 од американско производство, со тежина од 900 килограми, на кампот со шатори во Ал-Маваси на полноќ додека цивилите спиеле.

Некои медиуми објавија дека САД во 2023 и 2024 година испратиле во Израел над 14.000 бомби MK-84.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан