• вторник, 16 јули 2024

Грег Попович се искачи на второто место меѓу тренерите во НБА по победите во регуларниот дел од сезоната

Грег Попович се искачи на второто место меѓу тренерите во НБА по победите во регуларниот дел од сезоната
Оклахома, 17 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, изби на второто место во НБА по остварени победи во регуларниот дел од сезоната. Спарс предводени од Попович ноќеска извојуваа победа на гости против Оклахома со 114:106 што беше 1.333-та за Поповиќ. Седумтесет и тригодишниот кошаркарски стручњак го помина Лени Вилкенс (1332). Во моментов, Дон Нелсон е лидер по победи меѓу тренерите на НБА (1335). Попович започна да работи како главен тренер на Сан Антонио во 1996 година. зс/

Остани поврзан