• понеделник, 23 декември 2024

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) – Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. 

Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот  линк или со пополнување на формулар во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат.

Според Роковникот објавен од ДИК, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март и во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Нашите државјани во странство од 28 февруари до 18 март до 24 часот можат да извршат јавен увид во Избирачкиот список во ДКП-та или преку веб страната на ДИК. фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан