Градоначалниците на Берово и Пехчево на новогодишна ноќ во посета на дежурните служби
- Градоначалниците на Берово и Пехчево, заедно со претставници на советите на двете општини, синоќа по полноќ ги посетија дежурните служби кои за време на новогодишната ноќ се грижат за здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните.
Берово/Пехчево, 1 јануари 2026 (МИА) - Градоначалниците на Берово и Пехчево, заедно со претставници на советите на двете општини, синоќа по полноќ ги посетија дежурните служби кои за време на новогодишната ноќ се грижат за здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните.
Во Берово, градоначалникот Петар Ружински, заедно со претседателот на Советот на Општина Берово, Владко Шахpаски оствари посета на здравствените, безбедносните и комуналните служби, како и Домот за стари лица, при што на вработените им ја честита Новата година и им изрази искрена благодарност за нивната пожртвуваност и континуиран ангажман. Притоа беше истакнато дека нивната работа претставува темел на сигурноста и стабилноста на општината.
Во Пехчево, градоначалникот Александар Китански, заедно со членот на Советот на Општина Пехчево Благојчо Јовевски, ги посети институциите и вработените кои работеа трета смена за време на новогодишната ноќ. За време на посетата, тие се информираа за условите за работа и предизвиците со кои се соочуваат вработените, при што беше нагласена важноста на нивниот придонес за непречено функционирање на заедницата.
На вработените им беа упатени честитки за Новогодишните и Божиќните празници, како и желби за добро здравје, среќа и успеси во Новата 2026 година. вс/
Фото: МИА