• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски, за десет дена започна 12 проекти

Градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски, за десет дена започна 12 проекти
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за десет дена започна реализација на 12 проекти.  -Во овие десет дена успеавме да аплицираме за нова детска градинка во Стопански Двор, го уредиме зеленилото на пешачката патека на насип, започнеме акција за расчистување на запуштените детски игралишта во Ново Село, а продолжуваме кај Жито во Дексион - поставиме ново осветлување на пешачката патека на насип, аплицираме за набавка на опрема во новите доградени занимални на објектот Детелинка, започнеме со подигнување на нова паркова површина на бул. „Македонска Војска“, ги санираме прекопите на пешачката патека, договориме започнување на пристапен пат до обработливите површини во Никиштани и Орман, кои ќе се реализираат од среда. Привремено го решиме проблемот со затоплувањето во ООУ „Тихомир Милошевски“, со што овозможивме континуитет на продолжениот престој на учениците, го конституираме новиот Совет на Општината, започнеме со расчистување вегетацијата на улица „Радушка“ со изведување на канализација во Орман. Имаме многу работа пред нас, но со ваша поддршка, ќе биде добро за сите, вели Стојкоски.Тој изминатата недела одржа повеќе средби со граѓаните. -Започнуваме нова недела, ќе имаме нови предизвици. Со работа во континуитет ќе ги надминеме проблемите кои се мои и ваши, заеднички. Започнавме, јас и мојот тим, со посветеност! Заедно со вас ги детектираме проблемите и изнаоѓаме решенија, додаде Стојкоски. дма/

Остани поврзан