• вторник, 05 ноември 2024

Градоначалникот Костовски потпиша решенија за легализација на објекти на територија на Бутел

Градоначалникот Костовски потпиша решенија за легализација на објекти на територија на Бутел
18 јануари 2022 
 
Вечерва одпочнавме со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на Општина Бутел.
Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.
За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам.
Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато.
Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел
_____________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан