• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Костовски изврши увид во реконструкцијата на улица 21 во Расадник

Градоначалникот Костовски изврши увид во реконструкцијата на улица 21 во Расадник

Скопје 13 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во тековните активности за реконструкција на улицата 21 во населеното место Расадник.

Како што информираа од општината, станува збор за инфраструктурен зафат во должина од 450 метри, со кој значително ќе се подобри пристапноста и условите за движење на жителите од овој дел на општината.

-Во рамки на проектот, Локалната самоуправа обезбеди и дополнителни паркинг места, исполнувајќи го барањето на жителите на оваа улица. Градоначалникот Костовски најави дека во наредниот период ќе започне реконструкција и на улиците „Бутелска 2“, „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“, со што Општина Бутел продолжува со реализација на проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места.„Нашата цел е да создадеме уредена и безбедна средина за сите граѓани. Општина Бутел продолжува да се гради и развива во модерно и подобро место за живеење,“ истакна градоначалникот Костовски. Општина Бутел и понатаму ќе работи посветено на подобрување на условите за живот и на подигнување на стандардот на сите жители, стои во сооштението.свс/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан