• понеделник, 27 мај 2024

Градоначалникот Атанасовски се сретна со протоереј отец Даниел Стојчевски

Градоначалникот Атанасовски се сретна со протоереј отец Даниел Стојчевски

Македонска Каменица, 1 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска се сретна со протоереј отец Даниел Стојчевски, парохиски свештеник при македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, Франција.

Средбата, како што информираше Атанасовски, била посветена на разговори за подобрување на врските и засилување на соработката помеѓу општина Македонска Каменица и црковната заедница со дијаспората во Париз.  

-Ова е важен чекор во нашите напори за зголемено влијание и поддршка за нашите сонародници во странство. Со заеднички напори и ангажман, ќе работиме за подобрен квалитетот на живот на сите наши граѓани, каде и да се наоѓаат.  Се надевам дека оваа средба е само почеток на соработката со која ќе продолжиме да создаваме мостови и релации помеѓу нашата Општина, дијаспората во Париз и целокупно во Европа, рече Атанасовски.

Упати благодарност за денешната посета, до неговиот сограѓанин отец Даниел Стојчевски, за изразената поддршка и подготвеност за соработка. 

-Во рамки на разговорите, отец Даниел ме информираше и за активностите на македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, која бележи постојан развој и раст во делувањето, благодарение на залагањата од свештенството и првенствено на ангажманот од страна на многубројните наши иселеници во тој дел од Европа, додаде Атанасовски.

Изрази надеж дека двете страни ќе продолжат да работат во насока на постигнување на нивните заеднички цели. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан