• понеделник, 23 декември 2024

Горјан Петревски ќе претстави две свои книги во КИЦ на Северна Македонија во Софија

Горјан Петревски ќе претстави две свои книги во КИЦ на Северна Македонија во Софија
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Писателот кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски утре ќе претстави две свои книги во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. На настанот ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“). Овие две книги се влезени во учебната програма на средношколците во Северна Македонија. Издавани се многукратно, при што само „Марта“ има досега 21 изданија, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјата. Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Предност за присуство ќе имаат оние кои поседуваат сертификати за вакцинација или за поминат Ковид-19. Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан