• петок, 05 декември 2025

Гори планината Готен на тромеѓието на општините  Берово, Василево и Радовиш

Гори планината Готен на тромеѓието на општините  Берово, Василево и Радовиш

Берово, 22 јули 2025 (МИА) – Во Беровско гори планината Готен, сите сили од земја и воздух се ангажирани во справување со огнената стихија, вели Димитар Гошевски командир на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) - Берово. Тој  посочи дека зафатена е поголема површина, а во моментов тешко пристапниот терен и ветерот им прават дополнителни проблеми при гаснењето на пожарот.

-Oд вчера пожарот од струмичко е навлезен во Берово, поточно на планината Готен. Од страна на ТППЕ- Берово е излезено на терен, како и Македонски шуми, имаме подршка и од Армијата. Ветерот си го прави своето, голема е огнената линија. Се става се што може под контрола, мегутоа огнената линија е голема. Се работи за нискостеблеста дегредирана, букова шума, дел дабова шума, различен е теренот, вели Гошевски.

Во реонот каде што гори шума има викендици, пчеларници, стари колиби.

-Пожарот е точно на тромеѓејто помеѓу Општина Берово, Општина Василево и Општина Радовиш, а истиот е навлезен во наведените општини, вели Гошевски.

Тој додаде дека на терен од страната на Берово има над 100 лица, од институциите и доброволци. Колкава површина е изгорено ќе се утврдува дополнително. вдј/дма/

Фото: ДПД -Пехчево

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан